БЕСПЛАТНА достава во Македонија

Достава на нарачки

Доставата на направените нарачки се врши во рок од 1 до 2 работни дена преку курирската служба ELS. По испраќањето на нарачката, курирот ќе ве контактира телефонски со цел да ја договори испораката и пратката ќе биде доставена директно на адресата која сте ја навеле при нарачката.

Доколку примачот не одговори на 3 телефонски повици во рок од 3 последователни дена, пратката ќе биде вратена во нашиот магацин во Скопје. Во тој случај, за повторна достава може да биде потребно дополнително договарање.

Доставата е целосно бесплатна, без дополнителни трошоци за купувачот.

Итна достава

Доколку ви е потребна итна достава, можете да ја подигнете нарачката од нашиот магацин во населба Влае, Карпош - Скопје. За превземање на пратката потребно е да не контактирате на 073-857-930 или на rancimk@gmail.com

Следење на нарачка

По успешно направена нарачка, на вашата е-пошта ќе добиете потврда со код за нарачка, кој можете да го користите за проверка и следење на статусот на нарачката.